Иванов за британски Телеграф: Неуспехот на ЕУ на Балканот го користат Кина и Русија

Од:

Неуспехот на Европската унија на Балканот го користат Кина и Русија, оценува претседателот Ѓорге Иванов во интервју за британскиот весник „Телеграф“.

– Европската унија ја остава вратата отворена за кинеското и руското влијание на Балканот, поради нејзиниот апсолутен неуспех да се ангажираат и да инвестираат во регионот. До неодамна, не видовме руска инвестиција во Македонија. Но, како што Европа се повлекува, односно не опстојува на своите ветувања дека Балканот ќе стане дел од Европската унија, тоа е како повик на ЕУ до другите да дојдат и да го пополнат тој простор, вели Иванов.

Македонскиот претседател, како што пренесува весникот, изјавил оти ЕУ е заглавена во начинот на размислување од 20-тиот век и ситните внатрешни препирки, поради што не е во можност да се справи со предизвиците на денешницата, вклучувајќи ги масовните миграции и дигиталниот транснационален криминал.

Иванов го посочува и неуспехот на Европа да ги насочи инвестициите во инфраструктурниот коридор исток-запад кој ги поврзува Јадранското и Црното море како пример за кратковидоста на ЕУ, како што се фокусираше на коридорот север-југ што ги поврзува Грција и Србија.

– Сега сме во ситуацијата во која ги користиме кинеските пари и кредити за изградба на европски коридор кој поминува низ територијата на Македонија. Тоа е парадоксот. Тоа е она на што мислам кога зборувам дека Европа се повлекува. Тоа е како повик за Кина, оценува Иванов.

Весникот ја анализира и состојбата во Македонија низ призма на нејзините европски и евроатлантски интеграции, спорот со името и односите на ЕУ со Кина и Русија.

– Намерата на Македонија да се приклучи на ЕУ и на НАТО во моментов е блокирана од Грција, која стави вето на разговорите за членство поради долготрајниот спор околу правото на Поранешната Југословенска Република на името што го носи и регионот во северна Грција, констатира весникот.

Иванов, како што пренесува британски „Телеграф“, истакнал дека континуираното блокирање на Грција за влезот на Македонија во НАТО, или почетокот на преговорите за пристапување кон ЕУ, ја остави земјата во геополитичка неизвесност, што го карактеризира изолираниот пристап на Европа кон предизвиците со кои се соочува континентот.

– Имаме политичка криза на секои две до три години. Замислете го чувството кога сте заглавени во лифт две или три минути. Тоа чувство е депресивно. Тоа ве прави да се чувствувате немоќни. Замислете како ни е нам, заглавени во таков лифт веќе 26 години, вели Иванов за „Телеграф“.

Бизмарк, додава тој, не случајно еднаш рече дека кој ја контролира долината на реката Вардар, ги контролира патот меѓу Европа и Блискиот Исток. И кој ги контролира патот меѓу Европа и Блискиот Исток, исто така ги контролира патот од Европа до Азија.- Се чини дека ЕУ го заборавила ова, вели Иванов за британски Телеграф.

Минатата недела Иванов престојуваше во работна посета на Велика Британија, во рамки на која одржа предавање на Универзитет от„Оксфорд“ и се обрати на Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам Хаус“. Во рамки на посетата Иванов оствари средби и со спикерите на Горниот и Долниот дом на британскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски