Свечено затворање на „Букстар 2017“ со промоција на книгата „Нема стих, нема мир!“

Од:

Со промоција на книгата „Нема стих, нема мир!“, антологија на бунтовна поезија од омилените автори официјално ќе се затвори годинашното издание Фестивалот на европската книжевност „Букстар“.

Приредувач на книгата е Кристина Велевска. Книгата ќе ја промовира книжевната проследувачка, критичарка и универзитетска професорка Весна Мојсова-Чепишевска.

Со поетско читање ќе настапат и петнаесетина македонски писатели, преведувачи и јавни личности, кои ќе читаат стихови од песните поместени во антологијата, меѓу кои и Иван Џепароски, Јулијана Величковска, Искра Донева, Маријана Јанческа, Јосип Коцев, Стефан Марковски, Лилјана Пецова-Илиеска, Дарко Ангеловски, Марија Грубор.

За крај на промоцијата, но и на целиот фестивал, е предвиден концерт на групата „ПМГ колектив“.

„Нема стих, нема мир!“ е реализирана од страна на соработниците и пријателите на издавачката куќа „Антолог“ по повод третото издание на фестивалот „Букстар“.

Триесетина поети, раскажувачи, есеисти, романсиери, преведувачи и јавни личности одбраа по две песни од своите омилени поети на теми како: бунт, револуција, револт, отпор.

Дел од нив ќе настапат и на промоцијата. Оваа несекојдневна збирка на едно место ги вклучува Артур Рембо, Велимир Хлебников, Бертолд Брехт, Мирослав Крлежа, Данило Киш, Јехуда Амихај, но и Кочо Рацин, Ацо Караманов, Коле Чашуле, Лидија Димковска…

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он