Пет екипи по одигрувањето на дуелите од 4.коло од Лига Европа синоќа обезбедија пласман во следната фаза што ќе се игра во пролетниот дел од сезоната.
На две кола пред крајот на натпреварите од групите на едно од првите две места се пласираа: Арсенал (група Х), Динамо Киев (група Б), СБ (група Г), Лацио (група К) и Зенит (група Л).
Петте екипи по четирите први натпревари освоија доволен број бодови, за ривалите да не можат да ги минат.
За разлика од нив три екипи (Вардар, Евертон и Макаби Тел Авив) се веќе без шанси за пласман во следната фаза, а македонскиот првак Вардар е единствениот без освоен бод.