Фудбалерите на Динамо Киев први изборија пласман во следната фаза од Лига Европа откако вечерва во натпреварот од 4.коло од групата Б како гости го победија Јанг Бојс со 1:0.
Стрелец на голот беше Витали Бујалски во 70 минута.
Динамо Киев е прв во групата со 10 бодови, додека во оваа група втор е Партизан со 5, пред Јанг Бојс со 3 и Скендербег има два.
На чекор до пласман беше и италијанската екипа Аталанта, но на дуелот со Аполон на Кипар примија гол во последната минута.
Сепак Аталанта и Олимпик Лион во групата Е имаа предност од пет бодови во однос на Аполон.
Вечерва се играат уште 12 натпревари, а уште неколку имаат шанси по 4.коло да обезбедат пласман во нок аут фазата.