(ВИДЕО) Ристоска: Имаме цврсти материјални докази, Грујевски ќе биде осуден

Од:

По завршување на денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“, Ленче Ристоска од СЈО изјави дека очекува судот да донесе осудителна пресуда.

-Имаме цврсти материјални и вербални докази. Сите докази се во прилог на теоријата на обвинението, така што уверени сме дека обвинитите ќе добијат осудителна пресуда, рече Ристоска.

Обвинителката информираше дека од страна на судот се прифатени дополнителните докази кои ги достави СЈО од кои, како што кажа таа, се гледа дека станува збор за незаконско следење на комуникациите.

Одбраната побара да бидат изведени дел од списите кои се веќе уништени и дека треба да бидат прибавени од други единици од УБК и БЈБ. Ова за обвинителите од СЈО е неважно поради тоа што списите биле незаконски уништени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов