Архитектот Билјана Филиповска добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2017

Од:

Архитектот Билјана Филиповска е добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 година.

Како што информира Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), доделувањето на наградата ќе се одржи вечер во Музејот на современа уметност во Скопје, со почеток во 20 часот. Одлуката за наградата ја донела петчлената комисија составена од членови на ААМ.

Предвидено е вечер да со обратат претседателот на ААМ Мартин Пановски, Трифун Костовски, почесен член на Академијата на архитекти на ААМ, директорката на Музејот на современа уметност Мира Гаќина, претседателот на жири комисијата и член на Академијата на архитекти на ААМ Ратко Раѓеновиќ и наградената Филиповска.

Билјана Филиповска е родена на 29 октомври во 1949 година во Скопје. Својот најзначаен проектантски професионален раст го реализирала во „Пелагонија проект“ каде работела непрекинато од 1977 до 2002 година на повеќе проекти, од спорт и рекреација, јавни објекти, објекти за домување и други мали интервенции во просторот. Во 2000 година оформила свое архитектонско биро СТУДИО 2000, во кое е се уште активна. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Би можело да ве интересира

Почина архитектот Петар Муличкоски, авторот на оригиналната зграда на Владата

Ана Ололовска

Се испокараа Арсовска, архитектите и проектантот на Универзална, никој не може да ја убеди градоначаличката дека објектот ќе биде безбеден

Кристијан Ландов

Договор за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијација на архитекти

Ана Ололовска

Архитектите во одбрана на ресторанот „Парк“, бараат запирање на постапката до целосен увид во документација

Ана Ололовска

Мишко Ралев избран за нов претседател на УО на Асоцијацијата на архитекти

Ана Ололовска

Министерот Бочварски се сретна со Комората на овластени архитекти и инженери

Ана Ололовска