Кумановци се подготвуваат за Божик

Од:

Во Куманово за христијанскиот празник Божик се организираат повеќе манифестации.

Здружението на граѓани „Коледари, почитувачи на традицијата“, оваа година по 13-ти  пат организирано ќе  го прослават  Бадник на градскиот плоштад и во црквата Св.Никола.

– Годинава, дабовите гранчиња веќе се набрани во атарот на Орашац. Утре, за граѓаните организираме автобуски превоз до селото Орашац каде свештеници од кумановската епархија ќе ги осветат дабовите гранчиња, вели Киро Соларски од Здружението „Коледари“.

На шести на градскиот плоштад ќе бидат поделени осветени бадникови гранчиња, а на кумановци ќе им биде поделено овошје, ракија, вино и чај.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе