Тренерот на Спортинг, Жорге Жезус искажа комплименти за играта на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во ремито со Јувентус.
Ристовски одлично го чуваше Марио Манџукиќ и докажа дека заслужува место во првиот тим на португалскиот шампион.
– Одигра одличен натпревар. Со него добивме на квалитет. Го сопре Манџукиќ кој тешко се чува. Штета што се повреди пред крајот па не го доигра натпреварот, го прокоментира Жезус настапот на Македонецот.
Спортинг синоќа одигра 1:1 со Јувентус, Ристовски поради повреда беше заменет во судиското надополнување.