Најстудено во Маврово и Лазарополе

Од:

Најниска температуира од -5 степени целсиусови утрово е изменерена во Маврово и Лазарополе, а највисоката од 5 степени над нулата во Гевгелија.

Како што соопшти УХМР, температура од -4 е измерена во Тетово, Скопје Петровец, Битола, Берово, -3 во Струмица, Д. Капија, -2 во Прилеп, Штип, Крушево, -1 во Крива Паланка, Куманово, Пожаране, Скопје, 0 Претор, 1 Охрид, Ѓуриште, Виница, Тополчани и 4 степени во Дојран.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно студено со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје сончево со температура до 13 степени.

И утре ќе се задржи претежно сончево со студено утро и нешто потопло преку денот. Во петок ќе има зголемување на облачноста, а во вечерните часови ќе има услови за слаб локален дожд, пред се во северните делови. За време на викендот ќе биде сончево со умерена облачност.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски