Напаѓачот на премиерлигашот Арсенал од Лондон, рускиот репрезентативец Андреј Аршавин е пред потпишување договор со калчолигашот Лацио, јавуваат медиумите во Русија.
Според денешните информации кои доаѓаат од Русија, римски Лацио е подготвен да плати четири милиони евра за да го добие во своите редови Аршавин кој од почетокот на сезоната не е во комбинација за првиот состав кај тренерот на „топџиите“ Арсен Венгер.
Постоечкиот договор што 31-годишниот руски фудбалер го има со Арсенал му истекува на крајот од оваа сезона, а клубот од Лондон не покажува никаков интерес да ја продолжи соработката со Аршавин.