Општина Кочани распиша конкурс за 25 студентски стипендии за 2017/18 година

Од:

Градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев, го распиша конкурсот за доделување стипендии за студенти од општината за студиската 2017/2018 година, со кој се планира доделување 25 стипендии за студенти од јавните високообразовни установи во Македонија, од кои една за студент од ромската етничка заедница.

Право на стипендија, чиј месечен износ е 2.500 денари, имаат студентите кои се жители на општина Кочани, редовните студенти кои не повторувале година во текот на студирањето. Исто така кандидатите не треба да се корисници на стипендија или на кредит од други институции или компании.

Од критериумите за доделување стипендии, успехот носи најмногу 70 бода, материјалниот статус најмногу 20 бода, а пет бода добиваат децата на самохрани родители. Приоритет за добивање стипендија имаат децата кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување во Македонија.

Студентите на Технолошки факултет, Ветерина, Хемија, Биологија, Текстилно инженерство и на Факултетот за музичка уметност – виолина и виола, ќе добијат пет поени плус, бидејќи нивните струки се утврдени за дефицитарни. Одлуката на градоначалникот за дефицитарните кадри е донесена според потребите констатирани од Агенцијата за вработување – Кочани.

Пријавата и потребните документи се поднесуваат најдоцна до 15 ноември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат