„Од Институтот за јавно здравје информираат дека е исправна и безбедна за употреба водата за пиење во Гостивар, што покажала направената проширена физичко-хемиска анализа на квалитетот на водата.
Институтот потенцира дека водата за пиење во Гостивар е бактериолошки исправна, со добар физичко-хемиски состав и без присуство на пестициди“, соопштуваат од Министерството за здравство.