Ерменска полиција денеска, по повеќечасовна драма, го ослободи тригодишното момче и го уапси мажот што го држеше како заложник.
Полицијата успеа да го убеди мажот, кој вооружен со нож упадна во градинката, да го ослободи момчето.
Портпаролот на полицијата Ашот Агаронијан изјави дека момчето не е повредено.
Откако момчето било ослободено, полицијата фрли димна бомба и го уапси напаѓачот, кој се обидел да се самоубие.
Инцидентот се случи во местото Армавир, на околу 40 километри западно од главниот град на Ерменија, Ереван.
Агаронијан изјави дека напаѓачот најверојатно сакал да се види со поранешната сопруга, која работи во градинката.
За сега не е познато колку деца и воспитувачки имало во градинката, кога напаѓачот упадна во претшколската установа