Убедлив пораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај Црвена ѕвезда

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и четвртиот пораз во регионалната АБА лига.

Во мечот кој беше одигран вечерва во Белград, а со кој беше комплетирано 6.коло, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се поразени убедливо со 39 поени разлика од актуелниот АБА шампион Црвена ѕвезда со конечни 112:73 по четвртини 28-23, 30-23, 30-8 и 21-19.

Во редовите на победничката екипа дури шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Никола Радичевиќ кој постигна 17 поени. Поради мала повреда, поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ не беше во тимот на црвено-белите на овој меч.

Кај екипата на МЗТ Скопје, најефикасен беше Бојан Трајковски со 30, додека Јуре Лалиќ средбата ја заврши со 14 поени.

Со оваа победа белградската екипа се проби на 2.место на табелата со 10 бодови колку што имаат Партизан и Цедевита, додека МЗТ Скопје остана претпоследен (11-ти) со 8 бода, колку што имаат Мега и Олимпија.

Екипата на Мега ќе биде следен противник на МЗТ Скопје и тоа во мечот кој ќе се игра на 5 ноември (недела) во Скопје.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он