Непознат маж вооружен со нож упадна во градинка во ерменскиот град Армавир и зеде едно тригодишно дете како заложник, посочи полицијата.
Инцидентот се случи во местото Армавир, на околу 40 километри западно од главниот град на Ерменија, Ереван.
Претходно, медиумите јавија дека е можно напаѓачот да ги држи како заложници сите деца и воспитачки во градинката.
Но, портпаролот на полицијата Ашот Агаронијан изјави дека заложник е само едно тригодишно момче.
Тој додаде дека напаѓачот најверојатно сакал да се види со поранешната сопруга, која работи во градинката.