(ВИДЕО) Биљали за Груевски: Логиката „сите се виновни, само јас не“ е за невропсихијатрија

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, непосредно по завршувањето на вториот круг од локалните избори изјави пред јавноста дека не ги признава изборните резултати поради нефер и недемократскиот изборен процес.

Според него сето тоа што се случувало изминатите недели е добро осмислена, организирана, систематска операција за нечесно добивање на изборите во која учествувале судии, обвинители, полицајци и инпекциските служби.

Груевски побара оставка од претседателот на ДИК, Александар Чичаковски и од директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, впрочем, за поразот на неговата партија како главни виновници ги посочи сите, само не самиот себе.

Оваа изјава на Груевски, за А1он ја искоментира професорот Мерсел Биљали велејќи дека логиката „сите се виновни, а јас не“ не е во доменот на политиката туку на невропсихијатријата.

Груевски по затворањето на избирачките места рече дека ги знае сите поединци од судството, полицијата и обвинителството кои во последните неколку недели партиски ја извршувале својата работа и на некој начин им се закани изјавувајќи дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ќе се соочат со сериозни санкции.

-Тој не е во позиција да се заканува, мислам дека се работи за недостаток на политичка култура. Имено кога лидерите би имале доблест, во ваква ситуација би си поднеле оставка, а како се одвивале изборите тоа ќе кажат ОБСЕ, ОДИХР,ЕУ, Стејт Департментот и останатите држави. Но нивната оценка ќе биде позитивна бидејќи изборите поминаа мирно, вели Биљали додавајќи дека ова што го кажува Груевски е негово оправдување да се спаси самиот себе за што смета дека не е возможно.

Лидерот на најголемата опозициска партија и покрај неповолните резултати од овие избори, побара предвремени парламентарни избори, но во рамките на Пржинскиот договор, односно, составување техничка влада и ново Специјално јавно обвинителство.

-Ние веќе имаме еден резултат, и кога би имале парламентарни избори Груевски би поднел уште потежок пораз, но мислам дека тука се работи за внатрешниот притисок од партијата и реформаторите тој да си поднесе оставка. Што повеќе одолговлекува тоа полошо за него, треба конечно да сфати дека неговата политичка кариера заврши, вели Биљали.

Груевски исто така во вчерашниот говор напомена дека во наредните денови очекува спектакуларни апсења на политички противници на СДСМ и премиерот Заев.

На прашањето дали Груевски се плаши од спектакуларни апсења како она пред ресторанот „Воденица“ или апсењето пред „А1 телевизија“, Биљали рече дека дојде времето кога треба да се постави некаков ред, но очекува да биде испочитувана пресумпцијата на невиност и дека нема да има сликање и снимање при притворување на осомничените како што правела полицијата кога Груевски бил премиер.

-Неговата вмешаност во одредени кривични дела треба да се докаже во едно нормално судство, а не во судството од тефтерчето кое за жал е една голема трагедија за целокупниот систем на Република Македонија, но ќе видиме како ќе биде, секој треба да одговара за сторените дела, вели Биљали.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on