Иванов во посета на Обединетото Кралство

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска престојува во работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, соопшти неговиот кабинет.

За време на престојот во Лондон, претседателот Иванов ќе има средба со спикерот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и со спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, Лорд Фаулер.

Во рамки на работната посета претседателот Иванов ќе одржи предавање на Оксфордската унија и ќе има средба со претседателот на Универзитетот „Оксфорд“, Лорд Крис Патен.

Македонскиот претседател ќе има обраќање во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“ на тема „Македонија, миграциите и безбедноста:научени лекции“.

За време на посетата Иванов ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора во Велика Британија и ќе ја посети црковната општина „Свети Ѓоргија“ во Брајтон.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски