Во Битола изложба „Уште поблиска Унија“

Од:

По повод 60 години од потпишувањето на Римските договори денеска во Битола ќе биде отворена изложбата „Уште поблиска Унија“ во организација на Делегацијата на ЕУ и Амбасадата на Италија во Скопје.

На 25 март 1957 година во Рим беа потпишани два договора се кои се поставени основите на денешната ЕУ. Потписнички на договорите беа шест држави: Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција.

Со првиот договор беше создадена Европската економска заедница (ЕЕЗ), а со вториот – Европската заедница за атомска енергија (Евроатом). Ова се првите меѓународни организации засновани на принципот на наднационалност, по создавањето на Европската заедница за јаглен и челик неколку години порано. Договорите стапија во сила на 1 јануари 1958 година.

Изложбата „Уште поблиска Унија“ е организирана од Историскиот архив на Европската унија во рамки на Институтот на Европскиот универзитет и се базира на архивски документи и фотографии од Историскиот архив на ЕУ, Дипломатскиот историски архив на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и архивот на АНСА.

Поставката ќе биде отворена во Центарот за култура во Битола.

Би можело да ве интересира

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата