Саудиска Арабија на почетокот од следната година првпат ќе им дозволи на жените влез во три стадиони, соопштија денеска саудиските власти.
– Почнаа подготовки со цел трите стадиони во Ријад, во Џеда и во Даман да можат да примат семејства на почетокот од 2018 година, објави на Твитер Генералната управа за спорт на Саудиска Арабија.
Во Саудиска Арабија влез на стадионите им е дозволен само на мажите, а со новата одлука жените ќе можат да следат спортски натпревари само ако се во друштво на семејството.