(ВИДЕО) Груевски не го призна поразот и се закани: Заев ќе си ги скрши забите

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не го призна поразот, а за истиот ја обвини полицијата која според него вршела насилство и терор да се гласа за СДСМ. Тој кажа дека закани имало и кон судии, обвинители и медиумите кои подлегнале на притисокот.

Од утре нови изживувања, апсења, носење на лица во притвор и затвор, зашто мислат дека така ќе не скршат. Ние ќе издржиме, не се плашиме од вашиот терор, ние сме ВМРО, рече Груевски.

– Како што кажав неодамна дел од гласовите кои ДПМНЕ ги доби порано а не ги доби сега се поради разочараност на нашите поддржувачи и некои незадоволства со некои поединци од нашата партија. ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да направи анализа и да се исправат тие грешки или да се објаснат на најсоодветен начин. Откако ќе ги имаме сите информации ќе ја оцениме одговорноста и ние од тоа не бегаме. Но Македонија денеска немаше избори, по секоја цена Заев и СДСМ сакаа да добијат легитимитет за редифинирање на државата по сите основ, рече тој.

ВМРО-ДПМНЕ се соочи со двоен противник. Првиот е СДСМ кој лесно ќе го победиме во демократски услови, но полицијата беше поголем противник која брутално се ангажираше за партиски цели на СДСМ.
Македонската полиција која ја имаше нашата почит и поддршка за жал падна на испитот

Ова беше силување на Македонија. Тие дела не застаруваат. Еден од нас ќе остане, од ВМРО-ДПМНЕ секогаш некој ќе остане и нема да прости. Заев и СДСМ сакат да лапнат голем залак, ама ќе си ги скршат забите, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?