(ВИДЕО) Иванова: Сонувам да си ја вратиме државата на вистинскиот пат

Од:

На отворениот граѓански парламент зборуваа пратеничката Цветанка Иванова и претседателот на Сојуз на синдикат на земјоделски производители, Ристо Велков.

„Кога го читав говорот на Мартин Лутер Кинг „Јас имам сон“ се чудев, затоа што јас сум живеела сите овие години, дури и во оној систем кој што ВМРО-вци го критикуваат, многу послободно од денеска , а и сите вие кои што сме живееле во тој систем.

– Се чудев каква е таа желба толку за тоа што го сонува Мартин Лутер Кинг, е сега јас после 24-ти декември имам голем сон да си ја вратиме државата на вистинскиот пат, не заради мене затоа што јас сум при крајот на мојот работен век, но за нашите деца, за нашите внуци, затоа што ги направивме робови, затоа што ги направивме послушници и затоа што немаат иднина во оваа држава и се повеќе ќе се селат надвор во странство“, рече пратеничката Цветанка Иванова вечерва на отворениот граѓански парламент во Струмица.

Пред поддржувачите на отпорот против ненародниот режим на Груевски кои ги имаше во голем број, таа рече дека 2013 ќе биде победничка година, година во која ќе се сруши оваа диктатура и овој ненароден режим, затоа што граѓаните на Македонија не заслужуваат после 21 година независна држава да гледаат слики кои ги вознемируваат сите во Република Макединија.

Таа додаде дека отпорот на улиците мора да биде помасовен, бидејќи во изминатите седум години низ институциите на системот како опозиција се обидувале, но не успеале на власта да и докажат дека не работи во интерес на народот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година