МОСТ извести за случаи на семејно гласање и гласање со придружба

Од:

Набљудувачите на МОСТ известиле за неколку неправилности во текот на гласањето. Забележани биле неколку примери на семејно гласање, како и гласање со помош на членови на изборните комисии.

На избирачките места 1238 и 1239 во Демир Капија било забележано поголем број на лица кои гласаат со придружба, односно 21 на првото и 23 случаи на второто место. Избирачките одбори ја почитувале постапката и ги евидентирале имињата на лицата кои помагале во дневникот од Избирачкото место.

На изборните места 2957 и 2958 во Шуто Оризари биле забележани по 5 случаи на семејно гласање, додека во избирачкото место 2959 биле забележани 8 вакви случаи.

Забележано се и 3 случаи во кои членови на избирачкиот одбор им помагале на лицата да гласаат, при што укажувале за кого да гласаат на избирачкото место 2955 во Шуто Оризари, а случај каде што член на ИО помагал на лице во гласањето забележан е и во село Мојно, општина Могила.

На избирачкото место 2960 гласањето било прекинато во период од половина час бидејќи УВ ламбата не функционирала, како и на избирачкото место 2949 во Бутел, каде што паузата траела 20 минути.

Во село Неготино, општина Врапчиште, на ИМ 0223 УВ ламбата не функционирала од 13 часа, меѓутоа не била известене општинската изборна комисија и гласањето не било прекинато.

На избирачкото место 2928 во Чаир бил забележан случај на фотографирање на гласачкото ливче по што била повикана полиција и гласањето било на кратко прекинато.

Би можело да ве интересира

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Илиевски: Во Брвеница во четиригодишниот мандат ставивме акцент на младите, реконструиравме училишта, градевме спортски сали, игралишта

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ