УХМР: Попалдне засилен ветер со брзина и од 90 километри на час

Од:

Сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот малку потопло. Попладне на повисоките места и на планините во западните делови се очекува особено силен ветер кој повремено може да надминува брзина од 90 км/час.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер. Во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни.

Утре преку денот облачноста ќе се намали, но во источните делови и долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 Целзиусови степени, а дневната максимална до 17 степени.

Од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Кон крајот на неделата ќе има благо затоплување.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски