Вчера за време на гласањето на старите и немоќни лица во селото Градец во семејната куќа на Ј.Ш. пријавена е злоупотреба на избирачка право откако членови на Општинската изборна комисија Врапчиште заокружиле реден број на политичка партија спротивно на волјата на гласачот.
Двајца членови на ОИК Врапчиште дошле во куќата со цел изменоштеното лице Ѓ.Ш. да го оствари правото на глас, а откако ѝ зеле отисоци од прстот во регистарот на гласачи едниот од нив заокружил реден број спротивно на волјата на гласачот. Снаата на гласачот побарала од членовите на изборната комисија на нејзината свекрва Ѓ.Ш. да ѝ се даде друго ливче со цел самата да го оствари правото на глас, на што тие одговориле дека ливчето ќе го направат неважечко и не ѝ дале други ливче со што ѝ го оневозможиле правото да гласа и гласачкото ливче го ставиле во плико и заминале.
За време на целиот настан во дневната соба била и ќерката на пријавителката која изјавила дека не видела ништо.