Во периодот од 11 април до 14 август група од шест малолетни лица извршиле четиринаесет кражби на на повеќе локации во Битола при што предизвикале материјална штета од 904 илјади денари.
СВР-Битола поднесе извештај до надлежното јавно обвинителство против шест малолетни лица од кои две се на возраст од 17 години, две на возраст од 13 години и останатите на возраст од 15 и 16 години, поради соменине за сторени четиринаесет кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“
Пријавените во 14 наврати, во различен состав од лица, во периодот од 11.04 до 14.08. годинава низ повеќе локации во Битола – централното градско подрачје, населба Нова Битола, на влезот во Битола, од пред куќи, визби, влезови на згради, одземале разни марки моторцикли-скутери: „ЈИЈИНГ“, „Априлија СР50“, „Гарели“, „Yamaha YZ450“, велосипед марка Specialized, сопственост на граѓани од Битола.
Кражбите ги вршеле групно на начин што со употреба на погоден алат ја отстранувале препреката, доаѓале до моторциклите и со туркање ги одземале истите. Пријавените со превземените дејствија предизвикале вкупна материјална штета од 904 илјади денари.