Екипата на ПСЖ оствари победа на синоќа одиграниот дуел од 11.коло од француската Лига 1. На домашен терен фудбалерите на ПСЖ ја совладаа Ница со 3:0, а двоен стрелец беше репрезентативецот на Уругвај Единсон Кавани. Ова за Ница беше четврти пораз во серија.
Кавани головите ги постигна во третата и 31. минута, додека третиот гол беше автогол на Данте. Кавани третпат сезонава постигнува два гола на првенствен дуел за ПСЖ, а има вкупно 11 голови и е втор на листата на стрелци во лигата зад Фалкао со 13.
Денеска и утре се играат другите девет дуели од оваа рунда: Бордо – Монако, Каен – Троа, Дижон – Нант, Генгамп – Амиен, Монпеље – Рен, Стразбур – Анже, Олимпик Лион – Мец, Тулуз – Сент Етиен и Лил – Олимпик Марсеј.
ПСЖ е првопласиран на табелата со 29 бодови, пред Монако со 22 и Нант со 20.