(ВИДЕО) Заев на завршниот митинг во Јурумлери: Сите граѓани се еднакви и сите заслужуваат живот

Од:

Здружени сме сите и од урбаното и од руралното јадро, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми, и Бошњаци, и Срби, и други, за живот да донесеме. Целата коалиција е тука, сите градоначалници се тука, од сите општини, знаеме, само заедно можеме да испорачаме резултати во општините и во Град Скопје. Скопје е единствено, сакаме рамномерно да се развива, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во село Јурумлери, општина Гази Баба, на завршниот митинг на СДСМ и коалицијата.

Претседателот Заев додаде дека сите граѓани се еднакви, затоа што сите плаќаат давачки и сите заслужуваат живот.

-Борче Георгиевски ја знае општината, едноставен човек е, ги знае луѓето, им помага, бевме заедно со него и со вас во сите битки, да бидеме сите заедно и на 29, и по 29 октомври, за среќа за сите, повика Заев.

Претседателот на СДСМ посочи дека за 15-годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ во општината потрошени се повеќе од 300 милиони евра буџетски пари на граѓаните, а ништо не е направено, луѓето шлапаат во кал, децата се разболуваат, нема водовод и канализација, што однесе и човечки жртви.

-Само развој на општините може да донесе подобар живот за граѓаните, рече Заев.

Тој испрати порака до новите градоначалници и советници да работат чесно и да им служат на граѓаните.

-Убаво време доаѓа и за Гази Баба, и за Град Скопје, и за цела Македонија, оцени Заев.

-Имавме кристално чисти избори, најголемата победа е на граѓаните, да си ја сочуваме победата на фер избори и во вториот круг од којшто победник ќе излезе и Република Македонија. Вие сте среќни за мене, и јас сум среќен за вас, ајде да ја направиме среќна цела Македонија. Во недела, да гласаме за бројот 19, за Борче Георгиевски, за живот во Јурумлери, во Гази Баба, како и во цела Македонија, повика Заев на завршниот митинг за вториот круг локални избори, што ќе се одржи на 29 октомври.

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски оцени дека историската победа на СДСМ и коалицијата во првиот круг во оваа општина е поради заедништвото на граѓаните кои го препознале концептот што носи живот.

-Се потврди дека граѓаните бараат отворена и услужна општина. Со вашата поддршка ме обврзавте општина Гази Баба, повторно сите заедно, да ја направиме модерна и современа општина за сите граѓани, рече Борис Георгиевски, кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата на завршниот митинг вечерва во Јурумлери.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов