Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон ги повика Каталонците да останат смирени пред очекуваните мерки на централната власт во Шпанија по прогласувањето независност.
Обраќајќи им се на стотиците собрани поддржувачи на независноста, кои го наполнија каталонскиот парламент, Пуџдемон истакна дека „во деновите кои следуваат треба да ги задржиме нашите вредности на пацифизмот и нашето достоинство. Во наши и ваши раце е изградбата на републиката”.
Пуџдемон рече дека Парламентот го исполнил долго посакуваното ветување за кое се борел и кое кулминираше со мандатот добиен на референдумот за независност на 1 октомври, но забранет од централната власт на Шпанија.
Во парламентот народот ја пееше каталонската химна „Елс Сегадорс” и извикуваше: „Слобода!”