Кривичниот суд го прифати обвинението за „Тврдина“

Од:

Скопскиот Кривичен суд го прифатил обвинителниот акт на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство. Обвинението е распределно кај судија, по што ќе биде определен и датум за судењето.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на Кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

Предметот „Тврдина“ се однесува на незаконско уништување на два система за прислушување во МВР.

Би можело да ве интересира

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје