Груевски вети реконструкција на патишта и изградба на фекална канализација и водовод во Македонски Брод

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Македонски Брод кажа дека во програмата на кандидатот за градоначалник Милосим Војнески е предвидена реконструкција на патишта, изградба на фекална канализација и изградба на водоснабдителен систем.

– Предвидуваме реконструкција на локалниот пат од Македонски Брод до село Сланско. Изградба на локалниот пат од село Самоков до село Рамне, како и изградба на локалниот пат од село Самоков до село Бенче. Ќе се изгради и локалниот пат од село Модришта до село Вир во должина од 5500 метри, а ветуваме и реконструкција на локалниот пат до село Долни Манастирец. Се планира и реконструкција на пречистителната станица во село Самоков како и изградба на водоснабдителен систем во населените места Црешнево, Старовци и манастирот „Старокуќа“. Ќе биде изграден и водоснабдителен систем од село Сушица до село Зркле, како и од село Инче до манастирот „Св.Богородица“ и до село Долни и Горни Манастирец, рече Груевски.

Тој вети изградба на феканлната канализација во Суводол, Девич и Брест, како и изградба на водоснабдителен систем за Македонски Броди Требино.

– Планираме комплетна внатрешна и надворешна реконструкција на вратите, прозорите, и парното греење во Културниот Дом во Македонски Брод, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

Маж од Македонски Брод e приведен поради пожарот во Брезница