Во експлозија во Џакарта загинаа најмалку 47 лица

Од:

Најмалку 47 лица загинаа, а десетици се повредени во денешната експлозија и пожар во фабрика за пиротехнички средства на западната периферија на инденезиската престолнина Џакарта.

– Досега пронајдовме 47 тела, изјави шефот на полицијата на Џакарта Идам Азиз.

Портпаролот на регионалната полиција Арго Јувоно изјави дека се верува оти во моментот на несреќата во фабриката биле присутни 103 работници, додека за 10 вработени нема евиденција дали биле во објектот или не.

Во несреќата се повредени 34 лица и веднаш се хоспитализирани.

Државната телевизија објави снимка од густ чад, кој се издигнува од магацинот на фабриката на подрачјето Тангерангу, предградие на Џакарта, индустриски центар на островот Јава.

Локалните медиуми, повикувајќи се очевидци, јавуваат дека имало две експлозии, при што едната се случила во 10 часот изутрина, а втората три часа подоцна. Обете експлозии биле силни и се слушнале во подрачја оддалечени со километри.

– Луѓето имаа толку силни изгореници, што не може да им се распознаат лицата, изјави Деден Нурјаман од службата за Итна помош. Тој дополни дека бројот на загинати веројатно ќе расте.

Сите загинати се вработени во фабриката за пиротехника во Тангерангу.

Полицијата соопшти дека телата на жртвите се изгорени до непрепознатливост и дека во првата експлозија е уништен покривот на експлозијата. Оваа фабрика е отворена пред само шест седмици, а во сопственост на компанијата ПТ Панка Буана Кахаја Суксес.

Во тек е истрага за случајот, но се претпоставува дека електричен спој предизвикал мал пожар, кој зафатил хемиски материјали, по што дошло до експлозија.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници