Времето утре во Македонија изутрина свежо, во текот на денот претежно сончево и потопло со слаб северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната температура од 15 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 19 степени.
И во петок ќе биде суво и уште потопло преку денот.
Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има во сабота.
Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините.
