Попот Благоја Спировски од Дебарско-Кичевската епархија на МПЦ денеска го посети Љубе Бошкоски во затворот Идризово, поради тоа што му бил духовник на екс министерот.
Свештеникот се задржа 45 минути во затворот, а како што кажа ги извршил сите обреди. Тој кажа дека Љубе нема никаков грев и дека се работи за осветољубие.
„Не знам во што видоа грев. Грев не е да позајмиш или да дадеш пари, грев е да украдеш пари, а тој нема ништо грешно направено“, рече Спировски.
Посетата била по барање на екс министерот за внатрешни работи, Тој и претходно имаше вакво барање додека беше во притворот во Шутка, но истражниот судија не дозволи.
Бошкоски издржува пет годишна затворска казна за случајот „Кампања“, а против него повторно со заштитен сведок има и обвинение за случајот „Ровер“ за помагање при убиството на Марјан Тушевски.
На последното рочиште кога беше сослушуван заштитениот сведок кажа дека за убиството слушнал од медиумите после неколку дена. Тој тврдеше дека бил пред куќата на екс министерот, која ја лоцира во населбата Црниче. Бошкоски од доаѓањето во Македонија и сеуште живее на Водно.