Коле Чашуле е новиот уредник во Алфа ТВ. Ова за Либертас го потврди вд одговорниот уредник на Алфа, Костадин Делимитов.
По написот на сајтот дека нов одговорен уредник на тв Алфа по оставката што пред Нова Година од оваа позиција ја даде сега бившиот Зоран Иванов е новинарот Коле Чашуле, Чашуле ја демантираше информацијата.
Новиот уредник на Алфа, Чашуле е син на Слободан Чашуле човек, член на управниот одбор на МРТВ, кој треба да ја преземе амбасадорската функција во Шпанија.
Коле Чашуле беше уредник во сега затворениот весник „Време“ и главен уредник на дневниот весник „Ден“.