Кошаркарите на „Работнички“ вечерва го постигнаа и третиот триумф во Првата лига и им се приклучија на екипите на „Блокотехна“, „Гостивар“ и „Карпош Соколи“ кои имаат максимален учинок. Екипата на „Кожуф“ од Гевгелија по денешниот пораз е во групата екипи без победа заедно со „Шкупи“ и „Струмица“.
„Работнички“ оствари убедлива победа над „Кожуф“ со 94:53 (24:16; 16:14; 27:13 и 27:10). Најефикасен на дуелот беше играчот на „Работнички“ Маркус Гинјард, додека за „Кожуф“ најпрецизен беше Иван Мишковиќ со 25 поени.
Последниот натпревар од 3.коло се игра утре меѓу Струмица и МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 18:30 часот.