Кипар ги повикува големите членки на ЕУ праведно да го поделат товарот од бегалската криза

Од:

Големите членки на ЕУ треба праведно да го поделат товарот на бегалската криза и да прифатат повеќе мигранти од земјите кои се главни влезови на миграцијата кон Европа, соопшти кипарското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението на Министерството испратено до некои светски агенции, се наведува дека на ЕУ и е потребен „поизбалансиран, сеопфатен и интегриран“ пристап кон миграцијата, кој вклучува и преместување на луѓето од земјите каде што тие прво пристигнуваат.

МВР на Кипар истакнува дека ќе се придржува до обврските кон ЕУ, но оти други земји не сфаќаат дека островската држава е меѓу местата кои носат најголем товар од бегалските текови.

Министерот за внатрешни работи на Кипар, Константинос Петридис сака да обрне внимание на „погрешното верување кое владее во ЕУ дека Кипар не е на прва линија на бегалскиот бран од Сирија и други земји на Блискиот Исток“.

Статистички, Кипар е на четвртото место меѓу 28 членки на ЕУ по бројот на барања за азил по глава на жител, по Малта, Грција и Луксембург. Островската држава се наоѓа на околу 135 километри јужно од Турција и 160 километри западно од Сирија.

Петридис истакна дека Кипар досега има обезбедено статус на политички бегалци за 1.065 лица, а на уште 6.500 им е обезбедена „дополнителна заштита“ – статус, кој не е бегалски, но се дава на луѓе кои не можат да се вратат во својата татковина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on