ВИДЕО: Заев и Темелковски на Форум со граѓаните во Драчево ветија легализација на објекти и отварање на нови фабрики

Од:

Да ја потврдиме победата и во Кисела Вода и конечно и оваа општина да тргне напред после сите застои што ги имаше во изминатите години, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешниот Форум со граѓани од оваа скопска општина, што се одржа во населбата Драчево.

-Овие дебати ќе бидат пракса за локалната и за централната власт. Имаме намера внимателно да ги слушаме граѓаните и да бидеме сервис на граѓаните, рече претседателот Заев.

-Кисела Вода има голем потенцијал, да ја ослободиме од партиските стеги! Оставам аманет на граѓаните, на градоначалникот, на Советот, да служиме на сите, да не ги делиме луѓето, со тоа 50 процетни од работата сме ја завршиле, додаде претседателот Заев.

Тој најави нови работни места во општината преку развој на малото и средно стопанство и отворање нови фирми, што ќе отворат перспективи пред се за младите луѓе.

-Од 2018 година, повеќе од 1.200.000 евра ќе добие општината само од блок дотации од ДДВ од централната власт. Голем дел од давачките ќе ги спуштиме на локално ниво, за да ги зајакнеме општините. Така ќе создадеме силни општини што ќе можат да одговорат на реалните потреби на граѓаните, објасни претседателот Заев.

-Ајде да покажеме колку сме различни, со единството и сплотеноста можеме да испорачаме поголеми резултати, порача претседателот Заев.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, најави решавање на инфраструктурниот хаос и проблемот со нелегализираните објекти што го имаат граѓаните.

-Ќе ја направиме Кисела Вода урбано и модерно место за живеење. Секој наш сограѓанин ќе има легализирани објекти, ќе си има имот на свое име, за да може безгрижно да си живее, рече Темелковски.

-Ќе падне режимот и во Кисела Вода со пенкало, на 29 октомври гласајте за бројот 19 и за Филип Темелковски, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на форумот со граѓани во Драчево, во Скопската општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски