Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски реагира на вандалското уништување и кршење на урбана опрема во последните денови во општината.
За осуда е, вели Димитриевски за А1он, последниот вандалски чин, кршење на кошевите во средното техничко училиште.
„Стоп за вандализмот, сите да работиме заеднички за убаво, развиено и современо Куманово“ вели Димитриевски.
„Заедно можеме да го изградиме и осовремениме Куманово.
– Потребно е да го негуваме и одржуваме тоа што го имаме и градиме.
Тој што го направи оваа вандалско дело во кругот на средно техничко училиште нека му служи на честа.
Апелирам да покажеме општествена одговорност и да го сочуваме и одржуваме заедничкиот имот“ напиша Димитриевски на неговиот Фејсбук профил.
Максим Димитриевски во петокот ја презеде функцијата градоналачник на општина Куманово. Изборната трка ја доби со убедлива предност уште во првиот изборен круг.