Сончево и топло со мала облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот од југозападен. Утринската темепратура ќе се движи од 1 до 9 степени Целзиусови, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурите од 4 до 25 степени.

Во наредните денови под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.

Во понеделник попладне во источните и југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и ноќта ќе го промени правецот во северен. Во вечерните и ноќните часови на високите планини на север врнежите ќе поминуваат во снег.

Врнежите ќе продолжат и во вторник, на повисоките планини во северозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува и засилен северен ветер што ќе предизвика значително намалување на дневната температура на воздухот која ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени. Во среда ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски