Бочварски: Повеќе проекти за младите во Штип

Од:

Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ Благој Бочварски денеска на прес-конференција истакна дека нуди програма и проекти со кои, како што рече, ќе се стави крај на масовното заминување на младите од државата.

Една од мерките е младинска гаранција, со која ќе се овозможи секој млад човек по завршување на образованието да се вработи и да зема 20.000 денари плата, која ќе ја обезбеди државата. Тој истакна дека ќе се поддржат и младите земјоделци со неповратни 10.000 евра.

– Секој што сака да се дообразува, ќе му биде понудено да остане, да магистрира, да докторира на нашите универзитети низ Република Македонија, пред се на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Ова е мерка која повлече 8,8 милиони евра од централниот буџет за младите да ги задржиме овде. Уште една мерка која ја предвидовме е неповратни 10.000 евра за иновативни идеи за секој оној млад човек кој ќе сака да отвори свој сопствен бизнис во Македонија, рече Бочварски.

Тој ги повика надлежните служби да го разгледат и случајот со вработен на определено работно време во општина Штип, на кого пред неколку дена му е врачено отказно решение.

По прес-конференцијата на Бочварски, општина Штип реагираше преку соопштение во кое се наведува дека „законите важат за сите, па и за споменатото лице, кое речиси еден месец не доаѓало на работното место“.

Би можело да ве интересира

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Илиевски: Во Брвеница во четиригодишниот мандат ставивме акцент на младите, реконструиравме училишта, градевме спортски сали, игралишта