Комплетирано третото коло во Лига Европа

Од:

Со единаесетте натпревари одиграни вечерва комплетирано е 3. коло во фудбалската Лига Европа.

Екипата на Милан повторно ја разочара својата публика, откако во дуелот против АЕК одигра без голови.

Немаше голови ниту на мечот кој беше прогласен за натпревар од „висок ризик“, а во кој Скендербег го пречека белградски Партизан.

Изненадување претставува нерешениот исход на дуелот во Киев меѓу Динамо и Јанг Бојс, а нов непријатен пораз претрпе тимот на Евертон во дуелот со Лион, со што се поизвесно е заминувањето на Роналд Куман од тренерското место на англиската екипа.

Комплетни резултати од вечерашните средби во Лига Европа.

А група: Астана – Макаби ТА 4-0 и Виљареал – Славија Прага 2-2.
Б група: Динамо Киев – Јанг Бојс 2-2 и Скендербег – Партизан 0-0.
Ц група: Хофенхајм – Истанбул Башакшехир 3-1 и Брага – Лудогорец 0-2.
Д група: Австрија Виена – Риека 1-3 и Милан – АЕК 0-0.
Е група: Аталанта – Аполон 3-1 и Евертон – Лион 1-2
Ф група: Злин – Копенхаген 1-1 и Шериф – Локомотив Москва 1-1.

Следното 4. коло на програмата е на 2 ноември, а двојките ќе бидат исти, со изменети улоги на домаќин и гостин.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска