За време на синоќешниот натпревар помеѓу Вардар и Реал Сосиедад во Лигата на Европа на Арената „Филип Втори“ дошло до судир на западната трибина помеѓу две фракции од навивачката група „Комити“, објави Спорт1.
Инцидентот се случил во 20. минута од натпреварот, но тензиите брзо се смириле, пред да интервенира полицијата.