Јаневски ја презема вината за поразот и се извини на навивачите

Од:

И во третиот натпревар од групната фаза во Лига Европа, македонскиот првак Вардар претрпе пораз, овојпат најубедливиот.

Одговорноста за поразот од 0:6 пред своите симпатизер на Националната Арената „Филип Втори“ од Реал Сосиедад ја презеде тренерот Чедомир Јаневски кој воедно и јавно им се извини и навивачите.

– Јас сум виновен за денешниот дебакл, и сакам да им се извинам на навивачите. Ова е тежок пораз за мене за клубот. Сосиедад успеа да постигне гол од првата шанса, по што ние имавме можност да израмниме. Не успеавме, а тоа гостите до крајот на полувремете двапати го казнија. е верувам дека постои играч кој нема желба да игра вакви натпревари. Секој би сакал да одигра што е можно подобро. Во првенството играме во прва и втора брзина, а тука, во Лигата на Европа треба да се игра во шеста и седма брзина. На крајот, сакам уште да се извинам за овој пораз“, изјави Јаневски на прес-конференцијата, по мечот.

Вардар останува без освоен бод по трите одиграни натпревари во Л групата.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска