Зелените од Албанија во посета на ДОМ

Од:

Пратеничката Маја Морачанин, советниците во Град Скопје и општината Ѓорче Петров, Христа Најданов и Бојан Петровски од ДОМ, денеска остварија средба со претседателот на Зелената партија на Албанија и советник во градот Елбасан, Индрит Абдиај и секретарот на партијата Ренато Хаџиај.

На средбата беше разговарано за еколошките проблеми со кои се соочуваат Република Македонија и Република Албанија. Потенцирани беа проблемите со отпадот, загадувањето од големите индустриски капацитети и енормното загадување на воздухот.

Албанските зелени ја искажаа својата поддршка на ДОМ и граѓанските организации против отворањето на рудниците за злато и бакар кои се штетни по здравјето на граѓаните и животната средина.
На средбата беше искажана подготвеност за поинтензивна соработка на зелените партии од регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Трамп: Ги помирив „Абербајџан“ и Албанија

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

Рама ги најави „дигиталните министри“ во Албанија

(ВИДЕО) „Бајрактар“ во Албанија сними намерно подметнување на пожар

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски