А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчката полиција го потврди апсењето на Груjевски и Бошковски

by А1он19/10/2017 - 14:4519/10/2017 - 15:07215
Share0

Грчките власти потврдиле дека уапсиле двајца мажи на аеродромот во Солун, кои од Македонија се бараат за обвиненија поврзани со нелегално прислушување, пренесува БТА.

Добивај вести на вибер

Полицијата соопшти дека двајцата биле уапсени минатата ноќ на аеродромот во Солун со лажни бугарски документи.

Претставник од грчкото правосудство, кој посакал анонимност изјави дека обвиненијата за овие две лица се поврзани со скандал за незаконско прислушување.

Министерството за правда треба да ја почне постапката за екстрадиција откако ќе го добие известувањето од Интерпол за апсењето на Горан Грујевски и Никола Бошковски во соседна Грција.

Од Министерството за правда информираат дека се уште немаат добиено такво известување од Интерпол.

Министерството за внатрешни работи се уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници.

Бошковски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Македонската полиција, како што објави ДВ, повеќе од еден месец имала информации за местото на престој Грујевски и Бошковски. Наводно се криеле на Халкидики, па во Солун, а на крајот се обиделе да заминат на нова дестинација.

Според неофицијални извори, како што пишува ДВ, тие во почетокот биле сместени во викенд-куќа на македонски државјанин лоцирана на првиот крак на Халкидики, но подоцна се преселиле во стан во Солун. По апсењето и двајцата биле префрлени во истражен затвор, каде ќе ја чекаат постапката за екстрадиција.

Нивното тримесечно бегство го прекинала грчката полиција, која постапи по меѓународната потерница на македонското МВР. Според неофицијални информации, двајцата наводно биле уапсени на аеродромот во Солун, од каде што планираале да отпатуваат со фалсификувани бугарски патни исправи.

ДВ наведува дека македонската полиција повеќе од еден месец имала информации за местото на престој и движењето на двајцата бегалци. Наводно, пред два-три дена високи претставници на македонската и грчката полиција имале и заедничка средба на која биле разменети последните информации за овој случај, по што следело апсењето на Грујевски и Бошковски од страна на грчката полиција.

Засега не може да се дојде до податок каде сакале да патуваат, ниту како го нашле своето привремено прибежиште кај јужниот сосед. За второто прашање постојат две неофицијални верзии. Според едната, тие илегално ја поминале и македонската и грчката граница. Според втората верзија, македонската ја поминале на граничен премин, но со претходно договорена логистика да не бидат евидентирани, односно да бидат пропуштени без контрола од надлежното лице во таа смена, а на грчкиот премин поминале со лажни пасоши. Наводно, откако МВР соопшти дека е утврдено оти Грујевски има и двоен идентитет, грчките гранични служби во евиденцијата нашле податоци дека лице со таков идентитет ја поминало нивната граница.

Грујевски и Бошковски од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски минатиот месец изјави дека се водат постапки кои ќе откријат кој го овозможил бегството на Грујевски и Бошковски.

sjotargettvrdina

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов14/07/2021 - 12:0114/07/2021 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен