Во Гостивар за еден ден против грип се вакцинирани 220 лица

Од:

Во епидемиолошкото одделение на гостиварскиот Центар за јавно здравје, на првиот ден од сeзонската имунизација на населението против грип, вакцинирани се 220 лица. Во текот на денот се очекува оваа бројка да достигне 400, информираат од одделението на Центарот за јавно здравје Гостивар.

Меѓу првите кои ја примија вакцината која штити од три типа на вирус, најбројни се граѓаните од постарата генерација и хронично болните, а има здравствени работници.

– Интересот, вообичаено е зголемен особено во првите денови. Вакцината, особено се препорачува за лицата со хронични заболувања на срцето, белите дробови, бубрезите, дијабетичари, лица со анемии и намален имунитет. Се препорачува и на оние со над 60 години како и лицата кои професионално се изложени на ризик, здравствените работници и во јавните установи. Вакцинирање на децата, може да се изведе само доколку е неопходно и по консултација со педијатар. Вакцината, засега е најефикасна превентивна мерка против грип, изјави епидемиологот прим. д-р Војислав Огњаноски.

Имунизацијата на населението од гостиварскиот регион годинава ќе се спроведе со 1.200 дози на вакцина против грип. Лани, во гостиварско беа аплицирани 1.100 дози.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски