Енергетиката главна тема на средбата Путин-Китаровиќ

Од:

Руски компании се заинтересирани да учествуваат во натамошната гасификација на Хрватска и за изградба на електроцентрали, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак по средбата на претседателот на Русија, Владимир Путин со неговата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ во Сочи.

Според Новак, во разговорите доминирале енергетските прашања, имајќи предвид дека Русија ја снабдува Хрватска со половина од нејзините потреби од природен гас.

Путин на средбата воедно укажал на улогата на руските банки „Сбербанк“ и ВТБ во санирањето на хрватскиот малопродажен и прехранбен гигант „Агрокор“’.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија