Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје заедно со партнерски организации од регионот и од Европа, здружени во Мрежа за зајакнување на деца и млади во ризик, спроведуваат обука за состојбата и политиките поврзани со деца и млади во социјален ризик во Македонија и на Балканот.
Обуката за работа со деца и млади во социјален ризик е поддржана од ЕУ. Наменета е за експерти и практичари од државни институции и граѓански организации од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои се посветени на заштита на правата и обезбедување на услуги за поддршка на деца и млади кои употребуваат дроги, кои се во конфликт со законите, кои доаѓаат од семејства кои употребуваат дроги или се во конфликт со законите, кои живеат на улица, се без родителска грижа, како и деца и млади Роми.