Регионална конференција на „Студенти за слобода“ во Битола

Од:

Во сабота, 21 октомври, ќе се одржи првата Регионална конференција на „Студенти за слобода“ во Македонија, каде што студентите и заинтересираните граѓани ќе имаат можност да слушнат предавања и дискусии кои ја промовираат индивидуалната слобода.

Ова е прва ваква конференција која што се одржува во Македонија, а има за цел промоција на индивидуалните економски и политички слободи.

Главен говорник на конференцијата е извршниот директор и виш истражувач на Страјкер Пирс, Брајан О’Шеа, кој во Битола ќе зборува на тема „Разоткривање на шпионажата“.

Во своето предавање О’Шеа ќе говори за тоа како може да се препознае разузнавањето и како да се заштитиме од истото.

Брајан има повеќе од 20 години искуство во областа на истраги и разузнавање, работејќи како воен разузнавач за две специјални единици и две државни агенции.

За политичките аспекти на слободата, на конференцијата ќе зборуваат деканот на Правниот факултет при УКЛО, Горан Илиќ и професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Ненад Марковиќ. А освен тоа посетителите на конференцијата ќе имаат можност да слушнат предавање и за медиумите и слободното фриленс новинарство од Бил Вирц, фриленс новинар од Брисел и Љубица А. Манговска, новинарка и програмски менаџер на Тера ТВ.

Адвокатот Јанаки Митровски и програмскиот директор на Европски студенти за слобода, Александар Кокотовиќ, двајцата активисти за легализација на канабисот, ќе одржат предавање на таа тема, на кое што ќе ги претстават потребните реформи во насока на легализација на канабисот и слободарскиот активизам кој што го попратува движењето.

Конференцијата е закажана за почеток во 12 часот на Техничкиот факултет во Битола, а пријавувањето за истата се врши онлајн на следниот линк .

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ