Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, му ја честиташе изборната победа на парламентарните избори на лидерот на австриската конзервативна Народна партија, Себастијан Курц.
– Република Австрија игра важна улога за стабилноста на регионот на Западен Балкан и се надевам дека заеднички и во светлината на ЕУ аспирациите на Република Македонија, ќе придонесеме кон постабилен и просперитетен регион, вели премиерот Заев во честитката до својот колега Курц.
Заев потенцира дека за Република Македонија од особена важност е и продлабочување на билатералната соработка со Република Австрија, за што, како што вели во честитката, очекува заложби од двете страни.